ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/26/22 3:47 PM

Горди сме што сме современици на Аки – Пендаровски му оддаде почит на легендарниот македонски рокер

На Градскиот плоштад во Скопје медиумски и музички работници денеска  му оддадоа последна почит на Аки Рахимовски, еден од најдобрите рок-вокалисти во регионот.

„Аки Рахимовски остави неизбришлив белег и трајни вредности коишто се инспирација за сегашните и идни генерации музичари, а неговата оригиналност, изразена низ безвременските песни, ќе биде длабоко врежана во колективната меморија на целиот регион. Горди сме што сме современици на легендарниот Аки, кој верно ја негуваше врската со неговото Скопје во кое мина дел од младоста.
Нека почива во мир, Вечна му слава“, напиша претседателот Стево Пендаровски кој дојде да се потпише во книгата на жалост и да послуша некој од хитовите на „Парни Ваљак“.

Кај тревникот пред „Пелистер” во 13:00 часот беше отворена Книга на жалост и се слушаа неговите песни. Сите пријатели и обожаватели на Аки можат да положат цвеќе или да запалат свеќа. Главното собирање е предвидено попладне, од 18:00 до 19:30 часот, кога хорови, пејачи и пријатели, заеднички, за збогување, ќе отпејат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак”.

Оддавањето последна почит под мотото „Да го испратиме со песна нашиот Аки” го организира радио „Бубамара” со поддршка КЛС Саунд и Град Скопје, ден пред погребот на музичката мега ѕвезда во Загреб.

На Градскиот плоштад ќе може да се слушне и песната „Ако згрешам, нека изгорам” на Пепи Бафтировски која Аки во клавирска придружба ја сними пред пет години во студиото на „Тавитјан брадерс”. Аки Рахимовски преку четири децении беше пејач на „Парни ваљак”. Почина на 22 јануари 2022 година. Зад себе остави хитови со кои раснеа многу генерации.

 

 

фото: МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1