ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/26/22 3:16 PM

И се заканил со нож – Жител на Кратово силувал 12-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

На 14 јануари, осомничениот жител на Кратово извршил обљуба врз 12-годишно девојче од пробиштипското село Трипатанци. За да го принуди девојчето на сексуални односи, тој извадил нож, го ставил на вратот на оштетената и и се заканил.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип определи мерка притвор за осомничениот во траење од 30 дена​.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1