ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/26/22 3:25 PM

Се отвораат затворените ковид центри поради зголемен број на заболени

Комисијата за заразни болести, поради континуираниот раст на новозаболени од ковид-19, денеска препорача клиниките кои и претходно работеа како ковид-центри: за кожни болести и за неврологија во Скопје, во наредните денови да продолжат да работат како ковид центри. Исто така, се препорача и да се отвори дополнителен ковид оддел во ГОБ „8 Септември”.

Сите три јавни здравствени установи веднаш се известени за преземање на сите неопходни активности, информира Министерството за здравство.

Исто така, Министерството за здравство ги задолжи универзитетските клиники, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, за белодробни заболувања и туберкулоза кај децата Козле-Скопје и Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, при зголемување на бројот на новозаболени на кои им е потребна хоспитализација, да бидат организациски подготвени за здравствениот третман на пациентите. Во однос на медицинскиот персонал, ЈЗУ се известени и задолжени да назначат лица – среден медицински кадар, сестри и боничари, за вклучување во работата на КИБФС (Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби).

Според дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид центрите, во моментот се хоспитализирани вкупно 573 лица, од кои 180 во Скопје и 393 лица на инфективни одделенија во државата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1