ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/26/22 2:58 PM

Град Скопје обезбеди организиран превоз за студенти и ученици со попреченост

За ученици и студенти со попреченост е обезбеден организиран превоз со адаптирани возила, од нивното место на живеење до средните училишта и факултетите во Скопје каде што учат и студираат и назад. Градот Скопје склучи договор со Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и тоа, како што информира, е во согласност и со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во Град Скопје за 2022 година.

– Организираниот превоз на учениците и студентите со попреченост кои следат настава во средните училишта или факултетите во Град Скопје се реализира со адаптиран автобус и минибус комбе. Возилата се комплетно адаптирани на потребите на корисниците со можност за влез на инвалидска количка и други додатоци. Вкупно 80 ученици и студенти со попреченост го користат овој вид превоз. Здружението на студенти и младинци со попреченост директно со целната група и возачите прави неделен распоред и организира маршрути, соопшти Град Скопје.

Посочува дека се посветени на значително подобрување на квалитетот на живеењето на студентите и младинците што припаѓаат на оваа ранлива група, за да се овозможи поголема мобилност, полесен пристап на лицата со попреченост до училиштата и факултетите, вклучување во редовниот образовен процес и обезбедување независност во движењето.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1