ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/26/22 3:01 PM

Затворска казна за преобразување од хомосексуалци во хетеросексуалци – Усвоен нов закон во Франција

Усвојувањето на новиот закон во Франција ја забранува таканаречената „конверзивна терапија” и пропишува парични и затворски казни за секој што користи ненаучни методи во обид да ја промени сексуалната ориентација или родов идентитет на ЛГБТ луѓето.

Законот е усвоен едногласно со 142 „за” и ниту еден против.

Казни се пропишани за надрилекарите кои сакаат да ги „преобразат” хомосексуалците во хетеросексуалци.

Пратениците оценија дека законот ќе се однесува за оние кои хомосексуалноста ја сметаат за болест и дека, кога станува збор за хомосексуалноста, тука нема што да се лекува.

Пропишана е затворска казна до две години и парична казна до 30.000 евра.

Доколку се вклучени малолетници или други ранливи групи, казната може да биде до три години затвор и 45.000 евра.

МИА

фото: citma.org.uk/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1