ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/26/22 2:32 PM

Како тестото за пица секогаш да биде совршено

Едно момче на својот Инстаграм профил објави рецепт за пица по рецептот на неговата баба и со интересни анегдоти не врати во дамнешни времиња.

-Кога пораснав во Далмација, таа пица беше суво злато, а јас бев многу скржав кога е во прашање. Мојот единствен фокус беше да ги убедам Словенците од куќата долу да играат на друго место за да не мирисаме пица, што, за мое жалење, најчесто се случуваше – на хумористичен начин ги опишува своите детски авантури.

Како што вели Нено од овој профил, некои завршуваат со оригиналната пица, а некои кај пекарот. Затоа во формулата го напишал рецептот, за состојките да се прилагодат на големината на плехот во кој ја печете пицата.

За овој рецепт ќе ви требаат и малку математички знаења, но резултатот кој со првиот залак ќе ве врати во детството, вреди за сите маки.

Сепак, за да ви биде полесно, ви пренесуваме рецепт за плех 30х40 см.

Состојки:

380 гр брашно

266 мл вода

1 кесичка сув квасец

10 гр сол

1 лажичка шеќер

полнење:

1 конзерва домати

1 лажичка шеќер

1 лажичка оригано

Сол по вкус

1 чешне лук

20 мл маслиново масло

250 гр шунка, по избор

250 гр кашкавал, по избор

125 гр моцарела (или било кое друго сирење)

Подготовка:

Во млака вода измешајте ги квасецот и шеќерот, па оставете го квасецот да се активира. Додадете брашно и замесете мазно тесто. Направете топка, прелијте ја со целата количина на маслиново масло и оставете ја покриена со крпа да нарасне најмалку час и половина.

Изгмечете ја конзервата од излупените домати, додадете шеќер по вкус, издробениот лук, ориганото и маслиновото масло и сè убаво измешајте.

Шунката и сирењето изрендајте ги.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neno Svjetlanovic (@nenocooks)

Нараснатото тесто развлечете го со раце од работ до раб во сад подмачкан со масло и оставете го да стаса барем уште половина час.

Искинете ја моцарелата и распоредете ја ја преку тестото, а потоа нанесете го сосот, ренданата шунка врз сосот, а потоа сирењето.

Печете ја пицата во загреана рерна на 250 степени околу 15 минути со двете загреани грејни тела, а потоа уште 10 минути со вклучена само долната греалка.

Исечете ја пицата на саканите парчиња и послужете!

Извор: Телеграф.рс

Фото:  Shutterstock


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1