ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/26/22 2:01 PM

(видео) „Повелете тазе мекици“-младите од ВМРО-ДПМНЕ собираа „донација“ за Рашковски

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денеска организира акција-„донација“ за Рашковски преку делење на мекици на случајни минувачи на плоштадот пред седиштето на партијата.

„Со оваа наша акција сакаме да му помогнеме на поранешниот генерален секретар на Владата.Сега кога повеќе не е на функција генерален секретар и од кога повеќе не дели мекици за своите деца, неговите приходи се сигурно намалени“, посочија тие.

Прашаа: Колку мекици се потребни за купување на плацевите во Струмица од илјадници метри квадратни, колку за имотот во Побожје, за возило олдтајмер марка Доџ, за луксузен џип Волво, три мотоцикли, БМВ, Хонда и Кавасаки…што е само мал дел од работите кои наводно Рашковски ги стекнал од родендени, крштевки и мекици.

„Имајќи предвид дека парите на сметките на неговите блиски биле од делење мекици, сега ние, „собраните средства“ ќе ги уплатиме на тие сметки, па да се надеваме дека со овој мал придонес ќе успееме да ги надополниме сметките на неговите најблиски за неколку милиони денари“, се пошегуваа тие.

Повод за денешната акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е вчерашната изјава на Драги Рашковски, кому му се суди за случајот „Софтвери“ и за проневера од околу 300.000 евра, дека тоа не се негови, туку се пари на неговите деца кои ги собирале на родендени и на крштевки.

М.Т.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1