ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/26/22 1:22 PM

Маж од тетовско со автомобил прегазил тројца соселани

Вчера околу 21.30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат во тетовско Добарце, патничко возило „опел вектра“, управувано од 44-годишниот Х.Ј. од ова село, удрило во Б.К.(34), В.Л.(35) и Ф.Л.(42), негови соселани, информираат од МВР.

Во несреќата, В.Л. и Ф.Л. се здобиле со тешки, а Б.К. со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1