ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/26/22 12:37 PM

Австрија го укинува локдаунот за невакцинирани

Австрија го укина локдаунот за невакцинираните на 31. Јануари, понеделник.

Канцеларот Карл Нехамер и министерот за здравство најавија ублажување на мерките за коронавирусот во средата наутро, набргу откако беше објавено дека земјата забележала рекорден број нови случаи за 24 часа – повеќе од 35.000 случаи, пренесува „Krone“.

Сепак, федералната канцеларија ја гледа ситуацијата во нормалните одделенија и единиците за интензивна нега „засега опуштена“.

„Омикрон нема толку големо влијание врз капацитетот на болницата како што се стравува“, велат тие.

Експертите во комитетот „ГЕЦКО“, кој беше формиран за борба против пандемијата, исто така веруваат дека затворањето „повеќе не е разумно“.

Извор: Новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1