ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/26/22 10:15 AM

(Видео) Ја силувал среде снимање спот, 30 милиони го гледале и никој не забележал – Нови тврдења на Еван Рејчел Вуд за Мерлин Менсон

Актерката Еван Рејчел Вуд (34) тврди дека славниот музичар Мерлин Менсон (53) ја силувал за време на снимањето на спотот за неговата песна “Heart-Shaped Glasses (When the Heart Guides the Hand)”  објавена во 2007 година.
Во документарниот филм “Phoenix Rising”, кој беше премиерно прикажан на овогодинешниот филмски фестивал Санденс, Еван Рејчел Вуд изјави дека за време на снимањето на секс сцената за спотот, Мерилин Менсон навистина пенетрирал во неа, иако односот требало да се симулира.
„Не се согласив со тоа“, вели Еван Рејчел Вуд во документарецот за нејзиниот живот и кариера. Таа вели и дека на снимката и било дадено да пие абсинт и дека поради тоа едвај била свесна кога тоа се случило.
– Снимањето на тој спот беше најнепрофесионалната работна средина што сум ја сретнала во кариерата. Беше хаотично, не се чувствував безбедно и никој не ме гледаше – вели актерката, додавајќи дека во тој период не можела да застане во одбрана и да каже „не“, бидејќи, како што вели, била тренирана да не се спротивставува на никого, туку само да ја работи работата за која била ангажирана.

– Филмската екипа која работеше на спотот беше крајно непријатна и никој не знаеше што да прави. Се чувствував згрозено и како да сум направила нешто од што треба да се срамам. Бев принудена на комерцијален сексуален чин под лажни изговори. Првото злосторство беше извршено врз мене тогаш, а во суштина бев силувана пред камери – вели таа, а понатаму во документарецот наведува дека Менсон и дал „прилично јасни упатства“ за тоа како ќе разговара со новинарите за видеото.

– Ми рече да кажам дека се е романтично и дека убаво си поминавме, а ништо од тоа не беше вистина. Се плашев да направам нешто што може да го налути, а видеото беше само почеток на насилството кое ескалира како напредуваше нашата врска – вели актерката која беше во врска со Менсон од 2007 до 2010 година. Еван Рејчел Вуд вели дека Менсон. ја „подготвувал“ за тоа уште од тинејџерска возраст и низ годините ја злоставувал на различни начини.
„Тој ми го испра мозокот и ме манипулираше за да му станам целосно подредена“, вели Еван, која го запознала Менсон во 2006 година, кога таа имала 18, а тој 38.

Песната е инспирирана од приказната за Лолита, што и самиот Менсон го потврди во интервју за Би-Би-Си, кога изјави дека инспирацијата за песната ја нашол во познатиот роман на Владимир Набоков,инспириран од разликата во годините меѓу него и Еван.

– Ја читав Лолита и ме инспирираше мојата девојка Еван Рејчел Вуд, која очигледно е многу помлада од мене, но саркастично го истакна тоа што еден ден дојде кај мене носејќи очила за сонце во облик на срце, како оние на плакатот за филмот на Кјубрик, а потоа и ги кажав зборовите кои завршија како рефрен од песната – изјави Менсон.

Со своето сведочење Еван Рејчел Вуд им се придружи на голем број жени кои го обвинија Менсон за сексуална злоупотреба, а меѓу другото во интервјуата го кажа и следново:
“На почетокот беше шармантен и прекрасен. Брзо почна да ми кажува дека сум му сродна душа и ме наведе да се преселам кај него. Прво раскинавме по една година врска кога ја посвети песната “I Want to Kill You Like They Do in the Movies” и тој во едно интервју рече дека имал фантазии да ме удира со чекан по глава“, сведочеше Еван неодамна.

Извор: zena.blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1