ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/25/22 6:53 PM

(Видео) Македонија ќе настапи во второто полуфинале на Евросонг

Македонскиот претставник ќе настапи во второто полуфинале на „Песна на Евровизија“, што ќе се одржи на 12 мај, беше утврдено со ждрепка денес во Торино.
Во второто полуфинале, покрај нашиот претставник, ќе настапат пејачи од Австралија, Грузија, Финска, Азербејџан, Сан Марино, Црна Гора, Романија, Чешка, Полска, Белгија, Србија, Шведска, Естонија, Ирска, Кипар и Малта. .


Првата полуфинална вечер, на 10 мај, за пласман во финалето ќе се борат Албанија, Латвија, Швајцарија, Словенија, Бугарија, Молдавија, Украина, Литванија, Холандија, Норвешка, Русија, Португалија, Данска, Ерменија, Австрија, Хрватска. Исланд и Грција.


Финалето е на 14 мај, а оваа ждрепка одлучи и во кое полуфинале ќе гласаат шесте земји кои се директни финалисти (земјите од таканаречената голема петорка).

Во првото полуфинале ќе гласаат гледачите и жирито од Италија и Франција, додека во второто полуфинале ќе гласаат Велика Британија, Германија и Шпанија.

Покрај распоредот за полуфиналето, беа претставени и слоганот и визуелниот идентитет на „Песна на Евровизија“ во Торино. Организаторите одлучија натпреварот да се одржи под слоганот  „Звукот на убавината“ (Sound of Beauty).

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1