ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/25/22 3:31 PM

„Нема да те спасат ниту телохранителите“ – Душан Влаховиќ потпишува за Јувентус и добива закани во Фиренца

Секаде може, само не во Јувентус! Ова му го порачаа навивачите на Фиорентина на српскиот фудбалер Душан Влаховиќ уште пред неколку месеци, а ситуацијата ескалира со навреди од трибините додека тој ги решеташе мрежите во Серија А.

А, синоќа пред полноќ грмна веста дека Влаховиќ ќе премине во Јувентус, односно дека клубовите се договориле за оштета од 68 милиони евра плус бонуси од 15 милиони евра за тој да пристигне во Торино веднаш.

Навивачите побеснеа и одговорот стигна веднаш. Во Фиренца се закачени транспаренти со навреди и сериозни закани кон Влаховиќ.

„Ниту телохранителите нема да те спасат. Цигану, готов си“, пишуваше во првата порака, а на втората исто не се бирани зборови: „Влаховиќ, гом…у!Циган“.

извор: Mozzartsport.com

фото: juvefc.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1