ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/25/22 10:57 AM

Ја заробиле, ја дрогирале, па групно ја силувале – Девојче (14) се спасило со помош на мобилна апликација

Девојка (14) која била грабната и заробена, која ја тепале и групно ја силувале во Франција, спасена е во петокот навечер кога полицијата успеала да ја пронајде благодарение на нејзиниот телефон и ГПС локацијата на апликацијата „Снепчет“.

Девојчето било намамено од 26-годишен маж кој и понудил сместување откако таа побегнала од дома. Мажот ја натерал да пуши марихуана, а потоа ја силувале тој и 64-годишен маж.

Родителите на девојката повикале полиција откако ќерката им пратила порака преку Инстаграм додека нејзините киднапери спиеле. Рекла дека е грабната и претепана, но дека е дезориентирана за да каже каде ја одвеле. Родителите и кажале да ја вклучи локацијата на „Снепчет“ за да ја пронајде полицијата.

Кога полицијата влегла во зградата, тропала на сите врати се додека девојката не испратила порака „да“ што било потврда дека тропнале на вистинско место. Кога влегле полицајците внатре го затекнале еден од осомничените како се обидува да ги избрише доказите од својот телефон.

По апсењето една полицајка од Марсеј е пофалена поради иновативното пронаоѓање на жртвата преку „Снепчет“, објави „Сан“.

Извор: Mondo.rs

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1