ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/25/22 11:24 AM

Парите не се мои, децата ги собраа од мекици, рече Рашковски

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, осомничен во случајот „Софтвери“ вели дека обвинителството приложува докази кои што се обезбедени на незаконит начин, вели срамота е лица кои што немаат ниту познавања, ниту лиценци, ниту се вештаци да им се дава да чепкаат по приватни податоци на лица на кои што им се одземени телефоните.

„Ние се жалиме на докази кои што ако ги погледнете и по својата содржина и форма како се прибрани ќе сфатите дека тоа се докази кои што на незаконит начин се прибрани. Само како пример би навел дека не може вие да имате доказ во користење на постапката, обвинителството на компјутер седнало и во ворд направило текстуални пораки кои што во една секунда заборавило да го смени времето. Во една секунда имате 43 пораки. Не може обвинителството да дава докази на кои јасно се гледа дека произлегуваат од незаконит начин на прибирање на докази од некакви телефони. Не може да импутира докази дека се тоа некакви пораки на кои што и од самиот производител стои дека не може да утврди за каков вид на податок станува збор. Од тоа што јас можам да ви го кажам ќе имаме едно навистина интересно судење , кое што би требало во македонското правосудство особено во делот на компјутерската форезинка да имплицира понатаму поквалитетен начин на прибирање на дигиталните докази. Срамота е лица кои што немаат ниту познавања, ниту лиценци, ниту се вештаци да им се дава да чепкаат по приватни податоци на лица на кои што им се одземени телефоните“, изјави денеска Рашковски пред Кривичниот суд каде требаше да се одржи рочиштето за „Софтвери“ кое беше одложено поради отсуство на обвинетата Маја Силјановска.

Рашковски пред новинарите изјави дека во своја одбрана има поднесено 20 нови докази помеѓу кои како сведок се појавува и поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„Побаравме одредени лица кои ќе ја докажат целата постапка и доставивме докази дека не може вие да тврдите дека мои средства платени на моја сметка уплатени во 2015 година, потекнуваат од тендери од 2019 година. Познато е дека јас во 2015 година не сум бил функционер“, вели Рашковски.

На новинарско прашње до каде е со изградбата на хациендите, тој вели такво нешто нема, и ги повика новинарите да го посетат местото и да се уверат дека станува збор за купен плац, за кој вели Рашковски бил купен со негови средства, односно од кредит кој што е земен за таа намена.

„И тие средства ако ги видите, потекнуваат односно кредитот потекнува со обезбедување на средства од моментот кога не сум бил ниту функционер, а тоа е од 2013 година. Истите тие средства ако го споредите имотниот мој лист од 2017 година кога сум влегол на функција и 2021 година кога сум излегол ќе видете дека не постои разлика освен кај подароците на моите две деца прибрани од родендени, крштевки, мекици, прослави. Друг податок, зголемување на имотот не постои“, вели Рашковски.

На прашање колкав имот поседуваат неговите деца, тој вели дека  имаат  заштеда која што е само од нивните родендени, а се друго децата што поседуваат е негов имот кој што го имал и пред да стане функционер.

„Се вулгализира цела ситуација, поради тоа што и станот и имотот кој што е во Струмица и подвижните средства сум ги имал и пред да станам генерален секретар. Сето тоа е префрлено. Како секој родител, ние сме традицоонална земја, кога секој родител сака неговите деца да имаат нешто“, вели Рашковски.

Појаснувањата на Рашковски наспроти тврдењата дека нелегално стекнатите пари ги префрлал за исплата на кредит се всушност рефундирани средства од институцијата каде што бил вработен за средства односно трошоци кои ги имал на службени патувања.

„Станува збор за уплата на кредитни картици. Сите знаеме како функционери кога одиме на пат имаме одредени трошоци. Функционерот има две опции или да земе аванс од институцијата каде што е вработен или пак да троши средства, па кога ќе се врати тоа да го надополни. Обвинителството ја гледа само страната на приливи, односно страната на уплати. Кога сум патувал, кога сум одел во хотел, или ако сум патувал сум точел гориво во странство сум плаќал со моја картица, кога сум се враќал од пат тие средства биле рефундирани сите знаат по благајничко работење, дека тие средства се рефундираат во кеш. Нормално е кога вие ќе ги добиете рефунцираните пари да си го покриете минусот на салдо. Меѓутоа обвинителството тоа не сака да ви го прикаже како такво, туку велат ставал пари на својата картица, а не ја гледа страната дека тие пари се трошени за оправдани трошоци“, вели Рашковски.

Следното рочиште за случајот „Софтвери“ е закажено за 24 февруари.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1