ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/25/22 10:29 AM

(Видео) Снегот ги блокираше аеродромот и патиштата во Истанбул

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу соопшти дека во некои делови од градот синоќа е измерен дури 85 сантиметри снег. Затоа, многу патишта во градот се затворени, јави агенцијата Анадолија.

Аеродромот во Истанбул е затворен за летови поради обилните снежни врнежи. „Туркиш ерлајнс” ја продолжи забраната за слетување авиони на аеродромот до 00:00 часот на 26 јануари, соопшти денеска портпаролот на авиокомпанијата.

Градоначалникот ги следи активностите на Центарот за координација при катастрофи. Врнежите од снег кои паѓаат денеска, Имамоглу ги опиша како „катастрофални”.

МИА
Фото: Printscreen youtube


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1