ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/25/22 9:25 AM

Изолација од седум, наместо 10 дена, предлага Комисијата за заразни болести

Главниот координативен кризен штаб на синоќешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена. Препораката ја достави до Владата и за неа треба да биде дискутирано на следната владина седница, информира владината прес-служба. Оваа препораката од Комисијата, како што наведуваат од Владата, е поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.

На седницата на ГККШ, министерот за здравство Беким Сали ја презентирал актуелната состојба со пандемијата предизвикана од ковид-19.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1