ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/24/22 9:01 PM

Ким Кардашијан без фотошоп – Како навистина изгледа најпознатата риалити ѕвезда

Ким Кардашијан одморот го искористи и за да направи фотографии неопходни за нејзината нова кампања, а последните недели ужива на Бахамите со своето ново момче Пит Дејвидсон.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан побегна на романтичен одмор на егзотичните Бахами со своето момче Пит Дејвидсон, но не губеше време. Додека беше на одмор, таа ја искористи можноста да сними кампања за нејзиниот бренд „SKIMS“.

41-годишната Ким ги покажа своите познати облини во син топ, кој го комбинираше со минијатурен костим за капење. Иако навидум беше без шминка, познатата ријалити сестра не препушти ништо на случајноста и добро се подготви дури и за скок во океанот. Таа застана пред фотографите како сирена, а на својот Инстаграм веќе некое време споделува фотографии од одморот на Бахамите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Нејзините обожаватели се убедени дека Ким подготвува нешто ново за линијата на костими за капење, но таа сепак молчи за се. Се претпоставува дека наскоро ќе претстават нова линија, а деталите најверојатно наскоро ќе бидат откриени.

Славната Кардашијан последните месеци ги полни таблоидите со своето ново момче, комичарот Пит Дејвидсон (28). Тој е првиот човек со кој Ким се поврзува по разводот со Канје, со кој има четири деца и кој во меѓувреме официјално го промени своето име во Је.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Пит инаку е познат како голем заводник и има значителен број на познати бивши. Тој до неодамна беше во врска со ѕвездата на Бриџертон, Фиби Диневор, но парот раскина бидејќи не можеа често да се гледаат поради преполните распореди.

Тој и Ким пред неколку месеци гостуваа во емисијата „Saturday Night Live“ каде се бакнуваа, а не требаше многу време сите да почнат да зборуваат за тоа како тие се новиот пар на сцената, што се испостави дека е вистина со текот на времето.

Извор: Стил.курир.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1