ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/24/22 4:48 PM

Утре поларни температури до -14 степени – Кога се очекува пораст на температурите?

Утре сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и студено со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 2 степена.

Продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните од средината на седмицата ќе бидат во постепен пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1