ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/24/22 1:33 PM

Не ја исекла косата 19 години поради облог, сега и е долга 1,6 метри

Долгата коса е симбол на женственост и не е многу лесна за одржување. Сепак, оваа Русинка нема проблем со тоа. Дарја Губанова е руската златокоса девојка. Прекарот го добила затоа што 19 години не била на фризер за да ја исече косата. Се започнало во 2003 година кога имала кратка коса, а друг и рекол дека никогаш нема да може да ја пушти.
Тоа само ја мотивирало и потоа донела одлука да не ја скрати косата се додека не и допре до потпетиците. Според нејзина проценка, нејзината коса сега е долга 1,6 метри и допира до подот. Благодарение на долгата коса таа стана вистинска атракција на социјалните мрежи, па сега на Инстаграм ја следат 184.000 луѓе.
Како таа се грижи за својата коса? Еве што вели:
„Нема тајна за мојата долга коса. Прво, мислам дека тоа е генетика. Мајка ми и баба ми имаат долга коса. Најважно е да не ја фарбам и да не користам никакви хемикалии. Најчесто користам рецепти за нега на коса на мојата стара баба кои вклучуваат правење маски за коса од растително масло или павлака – изјавила 32-годишната Дарја.

извор и фото: stil.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1