ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/24/22 7:58 AM

Од полноќ нов режим за влез во Австрија

Од полноќ во Австрија стапи на сила нов режим на влез, кој им овозможува на патниците од целиот свет, кои примиле три дози од вакцината против коронавирус, да влезат без дополнителни документи.
Според новата Регулатива за режимот Ковид 19 за влез во Австрија, списокот на земји со висок ризик повеќе не важи.
Така, граѓаните ширум светот кои примиле бустер доза можат да влезат во Австрија без дополнителни услови.

Причина за олабавување на режимот за влез во земјава е тоа што и во Австрија доминантна е сојот омикрон.

За оние кои не ја примиле третата доза од вакцината важи таканареченото правило „2Г плус“, што значи дека вакцинираните или излекуваните можат да влезат во земјава само доколку имаат негативен ПЦР тест.

Лицата кои имаат документи „2Г“ –  сертификат за прележан ковид19 или потврда за вакцинација со две дози, а немаат негативен ПЦР тест мора да бидат ставени во карантин, кој може да се прекине по ПЦР тест кој има негативен резултат.

Де факто не е можен влез во Австрија за невакцинирани или лица кои не го прележале Ковид19 за туристички цели.

Прфизнаени се вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО) како што се Бионтек / Фајзер, АстраЗенека, Џонсон & Џонсон, Модерна, кинеските вакцини Синофарм и Синовак, како и Коваксин, Кововакс и Новакс.

Руската вакцина Спутник не е признаена.

Извор: rtv.rs/sr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1