ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/25/22 11:10 AM

Полицајците ќе се капат со топла вода од сончеви колектори за 500.000 евра

МВР во борба со енергетската криза набавува сончеви панели за речиси 500.000 евра со кои планира да заштеди енергија во 15 објекти на полицијата низ земјава.

Тендерот го добила компанијата „Дон Холдинг“ од Скопје, а договорот е склучен на 14 јануари годинава. Компанијата има рок од 4 месеци или 120 дена, од потпишувањето на договорот, да ги испорача, монтира и стави во функција сончевите панели во 15-те објекти на полицијата.

Tака енергија од сонце преку сончеви колектори ќе се монтираат во павиљонот на ЕЗС во касарната Илинден во Скопје, одморалиштето на МВР во Охрид, како и на тие во Крани и Пониква. Потоа во Вила Кушево, Вила Бела Охрид, Вила Банско, во 6-тата Управа на Водно, во Бараката на моторното одделение, во павиљонот во Орман. Сончеви колектори ќе добие и полицијата во Прилеп, Битола, Тетово и Радовиш, како и на граничен премин Делчево.

За касарната Илинден се набавуваат 40 сончеви колектори, од кои еден чини 10.844 денари без ДДВ или за сите 40 ќе се платат 511.860 денари или 8.322 евра.

А многу повеќе пари ќе чини поврзувањето со болјерите и пуштањето во целосна функција.

Покрај многу цевки, термометри, вентили и спојки се набавуваат и 2 бојлери Трипла од 2.000 литри, од кои еден чини над 2.000 евра или 114.712 денари без ДДВ. Вкупно за двата ќе се платат 270.721 денар или 4.400 евра. Само омекнувачот за вода, со капацитет од 4.000 литри, чини 333.822 денари или 5.428 евра.

За одморалиштата пак во Охрид ,Крани и Пониква ќе се монтираат по 60 сончеви колектори и по два болјери од по 3.000 литри во секое одморалиште. Во останатите објекти се предвидени помалку сончеви колектори. Со оваа инвестиција на МВР, полицајците ќе се капат со топла вода која ќе ја произведуваат сончевите колектори.

(А.С.)

фото: deltacron.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1