ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/23/22 11:03 PM

„Алкохолот за мене е минато, си го испив својот дел“ – Манкенката Бела Хадид го победила порокот

Познатата манекенка Бела Хадид во своето интервју за магазинот „Ин стајл“ објасни како се справила со алкохолot. Таа истакна дека имало денови кога не можела да се контролира во пиењето и престанала да пие кога докторот и ги покажал ефектите на алкохолот врз мозокот.

„Се откажав од алкохолот, кој го сакав. Дојдов до моментот кога почнав да откажувам ноќни излегувања, бидејќи кога пиев не можев да се контролирам“, истакна Бела Хадид.
Таа стана ко-основач и партнер на бренд за безалкохолни пијалоци.
„Не чувствувам потреба да пијам алкохол бидејќи знам како тоа ќе влијае на мене во три часот наутро кога ќе се разбудам со страшна вознемиреност размислувајќи за нешто што го кажав пред пет години, кога завршив средно училиште. Социјалните медиуми не се реални. Самопомош и ментална болест не се линеарни, тие се како лизгалка, со подеми и падови. Но, сакам да знаете, на крајот од тунелот секогаш има светло, а тобоганот секогаш во одреден момент целосно застанува“, истакна манекенката.

Бела Хадид беше уапсена и обвинета за возење во пијана состојба во 2014 година, за што доби шест месеци условна казна, 25 часа општествено корисна работа и 20 часа средба со анонимен алкохоличар.

Извор: www.rts.rs

Фото:  Instagram


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1