ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/23/22 10:45 PM

„Беше тoлку болна и тажна нашата разделба„ – Жељко Самарџиќ прозборе за смртта на мајка си

Жељко Самарџиќ гостувал во емисијата „Реална цена“ во Србија и открил дека талентот за пеење го наследил од мајка си, а потоа раскажал за неа, за нивната разделба.
– Татко ми немаше слух, а мајка ми прекрасно пееше. Преку нејзината песна ги научив сите севдалинки. „Некаде во далечина ми се губат очите“ … дури на еден концерт ја пеев во нејзина чест. Тоа беше годината кога таа почина и тоа беше моја морална задача. Тешко ми беше да пеам, ми се стегна грлото. Мајка ми имаше мозочен удар и не беше свесна. Кога дојдов во Никшиќ да ја посетам,  ја држев за рака и таа ми рече „Господине, дали ќе ме покриете со ќебе“. И кажав дека сум Жељко, не ме препозна. Потоа ѝ ја испеав таа песна. Почнав, а таа наеднаш се освести. Беше толку болна и тажна разделба. Набргу потоа таа почина, изјавил Жељко.

Извор: republika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1