ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/23/22 5:17 PM

За да не ги шпионираат, американските спортисти нема да ги носат своите мобилни на Олимпијадата во Пекинг

Олимпискиот комитет на САД ги повика членовите на својата делегација на Игрите во 2022 година да не ги носат своите лични мобилни уреди во Пекинг и наместо тоа да користат евтини „телефони за еднократна употреба” кои можат да се користат за контакт со семејството и да се фрлат кога ќе се вратат дома.

Според „Wall Street Journal”, во Кина, гаџетите може тајно да се хакираат со помош на апликацијата My2022 – од сите гости на Олимпијадата се бара да ја инсталираат за цели против КОВИД.

Во исто време, следењето, прислушувањето и кражбата на идентитет наводно може да продолжат и по завршувањето на Игрите.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1