ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/23/22 11:03 AM

Премиерката на Нов Зеланд ја откажа својата венчавка и воведе нови рестрикции поради девет случаи на омикрон

Новозеландската премиерка Џасинда Арден ја откажа својата венчавка откако воведе нови епидемиолошки ограничувања поради ширењето на сојот омикрон.

Нов Зеланд од денеска по полноќ ќе има нови правила, а собирите ќе бидат ограничени поради локален пренос на инфекцијата и девет позитивни случаи на омикрон.

Инаку се работи за семејство кое се вратило на јужната страна на земјата, во Нелсон, откако присуствувале на венчавка во Оукланд, на северната страна. По враќањето се покажало дека семејството и стујардесата во авионот со кој патувале се позитивни.

Од ноќеска Нов Зеланд влегува во црвена зона, што значи дека маските ќе треба да се носат секаде во затворен простор, а собирите да се ограничат на 100 вакцинирани луѓе.

Премиерката на прес-конференција истакна дека црвената зона не значи заклучување, односно дека граѓаните и натаму ќе можат да си го посетуваат семејството и пријателите, но и да патуваат низ земјата.

Во однос на својата венчавка Арден соопшти дека нема да се одржи, додавајќи дека и е жал за сите оние кои се нашле во слично сценарио. Запрашана што мисли за откажувањето, таа само кратко одговорила: „таков е животот“, па потенцирала дека таа не е ништо поразлична од илјадници други Новозеланѓани кои се соочиле со многу пострашни последици.

 

извор:Н1


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1