ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/22/22 2:11 PM

Почина Аки Рахимовски, Македонецот во Парни Ваљак

Пејачот Аки Рахимовски почина денеска на 67-годишна возраст, потврди за хрватски „24сата“ неговиот менаџер Дамир Осредечки.

– Утрово му се слоши, заврши во болницата во Ново Место. Пред еден час ми рекоа дека починал, се уште не ја знаеме причината за смртта – изјави Осредечки.

Веста ја потврдија и колегите на Аки од Парни Ваљак на официјалниот ФБ профил.

„Драги пријатели, со неопишива тага во срцето ви јавуваме дека денеска , 22.1.2022. засекогаш заспа Аки Рахимовски, пишува на ФБ.

На социјалните мрежи се простија од Аки од Парни Ваљак.

Александар Аки Рахимовски е македонско и хрватски пејач роден на 05.06.1955 година во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор, со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење. Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни Ваљак”.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1