ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/22/22 12:58 PM

Имал ли македонски пасош посочениот атентатор на Вучиќ?

Повеќе медиуми во Македонија и Србија пренесоа информација дека Европол ја алармирал српската власт дека се подготвува атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ. Радоје Звицер според информации на Европол, потврдени од МВР на Србија наводно подготвувал заговор за атентат врз претседателот на Србија Вучиќ.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ објави дека токму Звицер е еден од странските државјани, дел од аферата „мафија“, кои добиле македонски пасош.

-ВМРО ДПМНЕ во рамките на обелоденувањето на аферата “мафија” пред помалку од една година откри дека на списокот мафијаши и криминалци кому Спасовски им издал легален македонски пасош но под друго име е токму атентаторот на Вучиќ Радоје Звицер. Поминува една година, и виновни за оваа афера каде со македонски пасош се стекнале регионални и светски мафијаши, нема. Освен симболична казна за неколку службеници во МВР кои треба да бидат колатерална штета нема одговорност за вистинските организатори на ваквата мрежа за издавање на македонски пасоши. Нема криминалец кој не оперира со пасошите на Спасовски со македонско знаме, соопштија од ВМРО ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи во соопштение демантира дека на „извесен Радоје Звицер, му бил издаден македонски пасош“.

-Потсетуваме и дека случајот „двојник“ е расчистен и за тоа веќе се изречени и судски пресуди, а сите патни исправи поврзани со оваа истрага се поништени во управна постапка и истите не се валидни односно не можат да се користат, соопштува МВР.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1