ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/22/22 12:32 PM

Повреден пешак во Тетово, двајца завршија во штипската болница откако возило излета од патот

МВР соопшти дека возило удрило во пешак, кој со тешки повреди е пренесено на лекување во Скопје.

-Вчера во 16.15 часот е пријавено дека во Тетово на кружен тек на  бул. “Илинденска” со бул. “М.Тито” се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило марка “голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ш. (45) од село Горна Речица, тетовско, удрило во В.С. (54) од Тетово. В.С. била пренесена во Клинички центар Тетово, каде се констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.

Двајца повредени се пренесени во штипската Клиничка болница откако возило излетало од патот. На 21.01.2022 година околу 09.20 часот на регионалниот пат Пробиштип-с.Крупиште, се случила сообраќајна несреќа во која С.Т. (63) од Пробиштип, управувајќи патничко моторно возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски таблички изгубил контрола и излетал од патот. Во Клиничка болница Штип се пренесени С.Т. и сопатникот во возилото Б.М. (80) од Пробиштип, кај кои се констатирани  тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Штип.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1