ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/21/22 9:53 PM

Почина еден од најдобрите светски комичари Луј Андерсон

Луј Андерсон, актер, комичар, писател и водител кој освои три „Еми“ награди, почина во петокот во Лас Вегас од компликации поврзани со рак. Андерсон имаше 68 години, а веста за Си-Ен-Ен ја потврди неговиот публицист Глен Шварц.

Неговата кариера траеше 30 години, а многумина го сметаа за еден од најдобрите светски комичари. „Comedy Central“ го рангираше меѓу 100-те најдобри стенд-ап комичари на сите времиња.

Тој се претстави пред пошироката публика во 1999 година со учество во играта „Family Feud“.

Тој исто така глумеше во серијата Корпи создадена од Луис Ц.К.

Минатата година го привлече вниманието со изјавата дека изгубил повеќе од 15 килограми за време на пандемијата.

Извор: Б92.нет

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1