ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/21/22 5:34 PM

Викендот многу студено со температури од -10 и појава на голомразица

Утре сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната ќе достигне од -4 до 4 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста повремено ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне 2 степени.

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови. Кон крајот на работната седмица температурата благо ќе се зголеми.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1