ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/21/22 2:56 PM

Македонија ќе избира претставник за Евровизија 2022 – 6 композиции и изведувачи се во трка

Македонската радио телевизија ја направи селекцијата на песни кои ќе се натпреваруваат во Националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022 година. Како што беше објавено избрани се 6 композиции, за кои комисијата смета дека секоја од нив ги исполнува очекуваните критериуми за учество и претставување на МРТ и земјата на Евросонг.

Во потесниот круг се следните изведувачи:

1. Изведувач: Kalina Velkovska
Наслов на композиција: „LOVE AND LIGHT“
Автор на музика: Давор Јордановски
Автор на текст: Весна Малинова
Аранжман: Никола Васков – Нино, Давор Јордановски, Петар Луќиќ
2. Изведувач: Yon Idy
Наслов на композиција: „DREAMS”
Автор на музика и текст: Yon Idy
Аранжман: Ангел Ќосев, Yon Idy
3. Изведувач: Lara Ivanova
Наслов на композиција: „FLOWER OF SORROW”
Автор на музика: Роберт Билбилов
Автор на текст: Робин Зимбаков
Аранжман: Роберт Билбилов и Дарко Димитров
4. Изведувач: Viktor Apostolovski
Наслов на композиција: „SUPERMAN“
Автор на музика: Владимир Дојчиновски
Автор на текст: Владимир Дојчиновски и Виктор Апостоловски
Аранжман: Владимир Дојчиновски
5. Изведувач: Andrea Koevska
Наслов на композиција: „CIRCLES”
Автор на музика: Александар Масевски
Автор на текст: Александар Масевски и Андреа Коевска
Аранжман: Александар Масевски
6. Изведувач: Ris Flower
Наслов на композиција: „FLYING TO BERLIN”
Автор на музика: Борис Цветановски – Ris Flower
Автор на текст: Борис Цветановски – Ris Flower
Аранжман: Мустафа Џанбазлар
МРТ информира, согласно Правилникот, за избраните 6 композиции ќе изработи лирик видеа кои ќе бидат поставени на онлајн платформа за гласање на јавноста. Песните ќе и бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето. Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 04.02.2022 година. Победникот ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%.

Фото: Screeanshot video


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1