ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/21/22 1:52 PM

Договорена ли е посетата на Пендаровски на Софија – различни тонови од двата кабинети

Македонските и бугарските медиуми ги пренесоа соопштенија по телефонскиот разговор на македонскиот претседател Стево Пендаровски со неговиот бугарски колега, Румен Радев. Разговорот е на иницијатива на Пендаровски, кој, како што стои во соопштенијата од двата кабинети, е со цел да му го честита на Радев стапувањето на должноста Претседател.

Меѓутоа, во двете соопштенија има разлика во соопштувањето за посетата на македонскиот претседател на Софија. На официјалната интернет страна на Претседателот на Бугарија, пишува дека „претседателите Румен Радев и Стево Пендаровски остварија телефонски разговор на кој разговараа за подготовките за претстојната официјална посета на шефот на државата на Република Северна Македонија“.

Додека во соопштението од кабинетот на Пендаровски пишува:

„Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, двајцата претседатели разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период“.

По овонеделната посета на премиерот на Бугарија, Кирил Петков на Скопје, се интензивираа разговорите на највисоко ниво. Во вторник, 25.01.2021 година, во Софија ќе се одржи меѓувладина седница на двете држави, а најавено е и формирање на пет нови комисии, кои според бугарскиот премиер Петков, очекувањата се да се среќаваат на неделно ниво.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1