ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/21/22 12:35 PM

Силувал Албанка со уште петмина, а сега одбира каде да ја одлежи казната – Фудбалерот Робињо осуден на девет години затвор

Славниот бразилски фудбалер и репрезентативец Робињо (37) осуден е на казна затвор од девет години поради тоа што силувал 23-годишна девојка од Албанија во ноќен клуб во Милано.

Робињо е осуден во 2017 година но неговите адвокати се жалеа на пресудата која сега е конечно и останува само да чека да му одредат каде ќе ја служи затворската казна.

Сексуалниот напад се случи во 2013 година додека Робињо играше за Милан. На едно излегување со група млади во познат ноќен клуб силувал 23-годишна девојка.

Неговиот пријател Рикардо Фалко е осуден на иста казна, додека преостанатите четворица побегнале од земјата пред пресудата.

Робињо се обидувал да ја намали пресудата со зборовите дека девојката испила многу алкохол кобната ноќ и дека се согласила на сексуални односи, но судијата тоа не го прифати. Судот во Рим му наложи на Робињо да и плати на жртвата 60.000 евра.

Адвокатите на Робињо бараат тој да се префрли во италијански затвор затоа што „нема да може да ја издржи казната“ во Бразил.

Извор: Mondo.rs

Фото: www.hiphopleakers.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1