ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/21/22 8:37 AM

Снежно и дождливо утро – Охрид со најмногу дожд

Претежно облачно утро со врнежи од дожд и снег, во ноќните часови во западните и северните делови започнаа врнежи кои беа претежно од снег, само во југозападните делови имаше повремен дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец.

Измерени се -5 Берово, Струмица, -4 Скопје-Петровец, Гевгелија, -3 Демир Капија, -2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, -1 Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Виница, Куманово, Крушево, 0 Дојран, 2 Охрид, 3 Претор.

До 7 часот наврна 6 л/м2 дожд во Охрид, 5 Тетово, 4 Крива Паланка, 3 Пожаране, Крушево, 1 Ѓуриште, Виница, Куманово. На повисоките места е формирана снежна покривка со 44 сантиметри во Попова Шапка, 21 Маврови Анови, 9 Крушево, 6 Ѓуриште, 5 К.Паланка, Пожаране 4 Тетово, 3 Скопје-Петровец, 2 Скопје, 1 Виница, Куманово.

 

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)

-5 Берово, Струмица, -4 Скопје-Петровец, Гевгелија, -3 Демир Капија, -2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, -1 Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Виница, Куманово, Крушево, 0 Дојран, 2 Охрид, 3 Претор.

Времето денеска облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите најдолго ќе се задржат и ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат, а во источните делови облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне од -2 до 5 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне 2 степена.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1