ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/20/22 10:26 PM

Прегазена 25-годишна девојка на пешачки во Карпош

Едно лице го загуби животот вечерва во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата на улицата „Московска“ со булевар „Партизански Одреди“ во Скопје.

Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на местото.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1