ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/20/22 9:59 PM

Кои се причините за утринска главоболка веднаш по будењето

Ако се будите со досадна, остра или мачна болка, таа ве исцрпува на почетокот на денот. Постојат неколку причини зошто главоболките се појавуваат наутро.

Кај некои луѓе главоболките по будењето се краткотрајни, додека некои ја чувствуваат болката со часови потоа. Овие пет работи можат да бидат причина за вашата главоболка.

Лош сон. Несоницата може да биде поттик за главоболка. Научниците открија јасна врска помеѓу лишувањето од сон и мигрената, како и главоболката од напнатост. Недостатокот на сон го намалува прагот на болка, што ги прави луѓето почувствителни на главоболки.

Дехидрација. Ако не пиете доволно вода, може да се разбудите со главоболка. Дехидрацијата предизвикува главоболки кои можат да бидат релативно благи или тешки како мигрена. Дехидрацијата влијае на секој дел од телото, вклучувајќи го и мозокот. Пијте многу течности за да избегнете утрински главоболки.

Апнеја или ‘рчење. Нарушениот сон предизвикан од ‘рчењето или апнеја исто така може да биде извор на главоболки по будењето. Сепак, главоболката поврзана со апнеја трае помалку од 30 минути.

Мамурлак. Причина за утринска главоболка може да биде и мамурлакот. Големите количини на алкохол може да доведат до главоболки рано наутро, еден од главните симптоми на мамурлак. Доколку имате проблеми со чести утрински главоболки, прво нешто што треба да направите е да посетите лекар.

Извор: Курир.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1