ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/20/22 5:12 PM

Утре снег низ цела држава, за викенд многу студено и ветровито

Утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 4 степени. 

Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 1 степен.

За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1