ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/20/22 11:38 AM

Од 20 до 31 јануари аплицирање за 2.400 денари месечно за студентски оброк

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од денеска, па до 31 јануари повторно е достапна можноста за аплицирање за субвенциониран студентски оброк, за студенти кои ги исполнуваат законските услови, но досега не успеале да се пријават и -или да го остварат ова право.

Пријавувањето е можно во периодот од 20-ти до 30-ти, односно 31 во месецот, исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, потсетува МОН.

Субвенционираниот студентски оброк подразбира по 2.400 денари по студент, девет месеци во годината, средства наменети за купување оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата.
Правото на субвенциониран студентски оброк досега го оствариле над 27 илјади студенти на кои редовно им се префрлаат средства на лични трансакциски сметки.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1