ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/20/22 11:15 AM

Фалсификувани потврди за вакцинација против ковид во Германија, полицијата истражува илјадници случаи

Германската полиција истражува илјадници случаи на можна фалсификација на потврди за вакцинација против ковид.

Податоците од 16 германски покрани покажуваат дека полицијата ширум целата земја отворила повеќе од 12 илјади вакви истраги. Бројот на истраги е значително зголемен во декември, бидејќи властите воведоа нови ограничувања со кои невакцинираните речиси беа исклучени од јавниот живот.

На лицата кои изработуваат или користат лажни сертификати им се закануваат тешки казни, како парични и условна затворска казна, така и губење на работата.

Обвинителството има отворено и истрага за убиство од небрежност, а осомничена е жена која користела лажна потврда за вакцинација со цел да може да продолжи да работи во дом за стари лица, иако живеела со семејството кое било заразено со ковид.

Се очекува германскиот парламент наскоро да започне дебата за задолжителна вакцинација, иако официјални лица признаваат дека ќе поминат неколку месеци пред мерката да стапи на сила.

Околу 73 отсто од населението во Германија е потполно вакцинирано против ковид, бустер доза пак, примиле 48 отсто.

 

извор:Н1


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1