ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/20/22 11:02 AM

Бесплатен паркинг кај „Дом на печат“ за време на викенд и државен празник

Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ информираат дека поради повторното ставање во употреба на жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и можноста бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП на линиите со број 25 (Транспортен центар – Средно Водно), број 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и број 25Б („Дом на печат“ – Средно Водно) за време на викендите (сабота и недела) и на државни празници, на јавното паркиралиште „Дом на печат“ рампите ќе бидат кренати (за време на викенд и на државни празници).

Исто така, на јавното паркиралиште зона А0, на Средно Водно, за време на викендите (сабота и недела) и државните празници ќе биде зголемен бројот на контролорите за паркирањето и на инкасантите за наплата.

Градот Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на обележаните паркиралишта во градот и да го чуваат зеленилото и јавните површини од оштетување.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1