ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/19/22 9:06 PM

Прв пат во јавноста после разводот – Џејсон Момоа непрепознатлив

Актерот Џејсон Момоа неодамна се разведе од сопругата Лиза Бонет, а сега за прв пат е снимен по разводот.

Фотографи го фотографираа пред продавница во Лос Анџелес со картонска кутија во раката. Носеше црна комбинација на облека и капа. Неговата рака без прстен дојде до израз.

Холивудските актери Џејсон Момоа и Лиза Боун објавија дека се разведуваат по 4 години брак, пред кои беа во романтична врска цели 12 години.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fanpage. (@christiane_momoa)

– Сите го почувствувавме притисокот и промените во овие тешки моменти. Револуцијата се случува и нашето семејство не е изземено од сеизмичките земјотреси што се случуваат – изјавиле сопружниците.

Исто така, медиумите пишуваа дека парот се разделува наводно поради актерката Амбер Херд. Имено, кружат гласини дека Џејсон Момоа стапил во врска со колешка од филмот „Аквамен“. Аргументот на оние кои стојат зад таа теорија е дека и Џони Деп ја раскинал врската по соработката со Амбер, а еднаш се пишувало дека Лиза била љубоморна затоа што Амбер флертувала со Џејсон.

Извор: Информер.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1