Душко Тошиќ денеска слави роденден, а овој пат изостанаа честитките од неговата сопруга Јелена Карлеуша.
Во јавноста се уште се врти скандалот кој се случи на 7 јануари и бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ. Да потсетиме, Јелена го пријавила сопругот за насилство на Божиќ, велејќи дека ја плукнал, а потоа и удрил шлаканици, по што му забраниле да и се приближи на пејачката.
По скандалот тој се огласи, велејќи дека се скарале, но дека немало насилство и дека е против тоа.
Денеска на фудбалерот му е роденден, но оваа година нема да ја помине во друштво на сопругата. Јелена ги спакувала куферите и од Србија заминала за Дубаи каде што настапува во придружба на својот менаџер.
View this post on Instagram
Додека таа е во авион, Душко цел ден објавува честитки на социјалните мрежи кои ги добива од своите фанови и пријатели. Она што сите го забележаа е дека освен што не се заедно на овој ден, честитките на Јелена и овој пат ги нема.
Извор: Република.рс