ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/20/22 9:15 AM

Секој ден во неделата има своја моќ: среда е за бизнис, а петок за љубов

Секому се случило понекогаш нешто да не може, па тогаш се вели имал „лош ден“. Без разлика на тоа оправдување, според астролозите, планетите навистина одредуваат на кој ден треба да се почнат некои работи, а кои денови да се заобиколат во широк лак, за да не се разочараме или изнервираме. Еве што препорачуваат ѕвездите.
Според астрологијата, секој ден во неделата претставува една планета, таа има своја моќ, па е погодна за одредени планови и акции.

ПОНЕДЕЛНИК – МЕСЕЦ

Месечината е владетелот на понеделник, така што повеќето луѓе имаат променливо расположение во понеделник. Овој ден е поволен за донесување одлуки кои можат да влијаат на некои ситуации и работи врз семејството и блиските.

ВТОРНИК – МАРС

Вторник е ден кога ќе бидете полни со енергија. Вторник е најдобриот ден ако треба да започнете бизнис бидејќи ќе ви донесе заработка. Исто така е идеален ден за спортски активности и носи резултати на сите работни полиња. Само во вторник избегнувајте да се венчате бидејќи ќе имате многу кавги.

СРЕДА-МЕРКУР

Во среда можете да планирате што ќе правите наредните денови, а исто така можете да разговарате за вашите планови. Тоа е ден создаден за комуникација, учење, школување и патување. Напишете апликации, понуди, работни биографии и испратете ги во среда. Контактирајте со сите кои можат да ви дадат совет, бидејќи тогаш сигурно ќе го решите проблемот.

ЧЕТВРТОК – ЈУПИТЕР

Четврток е денот на планетата на растот и ширењето. Ако купувате голем предмет како стан, куќа, автомобил, почнете да ги барате во четврток. Можете да побарате совет од адвокат, да започнете да учите странски јазик или да возите автомобил.

ПЕТОК – ВЕНЕРА

Петок е ден кој е погоден за љубовни и романтични вечери со партнерот. Идеален е за луѓе кои се сами, бидејќи во петок имаат најголеми шанси да запознаат нови луѓе. Петок е денот кога имате најмногу храброст и волја за флерт и заведување. Ако сакате да се венчате, направете го тоа во петок.

САБОТА – САТУРН

Ако започнете проекти во сабота, тие често нема да вродат со плод, бидејќи тоа е ден кога работата обично не се завршува. Но, овој ден има и свои предности, бидејќи ви дава трпение и истрајност во работата. Ако склопите пријателство во сабота тоа обично на крајот завршува со добар исход.

НЕДЕЛА – СОНЦЕ

Недела е идеален ден за одмор и релаксација, како и за дружење со пријателите. Правете работи што ве забавуваат исклучиво во недела. Разбудете ја вашата креативна способност на тој ден и соберете енергија за наредните денови.

Извор и фото: Informer.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1