Манекенката Хајди Клум во емисијата кај Елен Деџенерис откри дека еден клиент ги осигурал нејзините нозе на два милиони долари и објасни зошто една нејзина нога е поскапа од другата.
– Кога бев млада паднав на стакло и имам голем белег. Сега ставам спреј за самопотемнување за да не се гледа воопшто. Едната беше поскапа од другата нога во полисата… Чудно е што прават некои луѓе – призна Клум.
Водителката ја праша манекенката кој дел од телото би го осигурала и Хајди рече дека ќе ги осигура градите.
Извор: B92.net
фото: Nypost.com
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.