Додека сопругот ја барал низ хотелот, водителката на „Работна акција“ била кај друг во соба
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/19/22 10:45 AM

Додека сопругот ја барал низ хотелот, водителката на „Работна акција“ била кај друг во соба

Тамара Грујиќ, водителката на „Работна акција“ раскажа забавна приказна за своето месечарење и за тоа како сопругот Вук Ѓоковиќ цела ноќ ја барал по хотелот, додека таа заспала покрај тон-мајсторот на својата емисија, во соседната соба.

– Пред неколку месеци Александар архитектот и јас ја завршуваме вечерата последни, малку зборувавме, сите отидоа да спијат. И јас заминав да спијам. Вук се буди, гледа дека ме нема. Гледа дека е 2-3 часот по полноќ и помислува дека сум со Александар долу во ресторанот. Излегува надвор, сфаќа дека се е изгасено и помислува да не сум тргнала да месечарам – почна да раскажува Тамара Грујиќ.

Во тој момент Вук го здогледал Александар на терасата кој се разбудил и не можел да спие па го прашала дали е Тамара кај него. Два часа ја барале и потоа Вук помислил дека таа ќе се врати како и секогаш.

– Се будам во седум часот наутро, отворам очи и го гледам својот тон-мајстор Бране во брачниот кревет покрај мене. Станувам и сфаќам дека неговата соба спроти мојата. Јас сум влегла утрото говорејќи му нешто за снимањето, сум му го земала цело ќебе и сум заспала покрај него. Човекот не можеше да си дојде при себе, се парализирал од помислата дека треба да тропне кај Вук на врата и да праша за мене – додаде Тамара.

Се испоставило дека таа месечари, посебно откако е во брак со Вук со кого ја добија ќерката Лена во 2019 година.

– Вук често пати среде ноќ ме здогледува како стојам како статуа во ќошот. Па ме фаќа за рака и ме враќа во креветот, оти нели, човекот кој месечари не треба да се буди.

Извор: Nova.rs

Фото: Nova.rs/Zoran Lončarević

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7