ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/18/22 3:48 PM

Има струја, ЕСМ покрива 100 отсто од потребите за домаќинствата и малите фирми, уверува Бектеши

АД ЕСМ во моментов покрива 100 отсто од потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија, ЕВН, кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар, а непречено тече и набавката на јаглен за потребите на термоцентралите. Ова денеска го порача министерот за економија Крешник Бектеши. Тој додаде дека ЕСМ работи според побарувањата од универзалниот снабдувач со електрична енергија – ЕВН хоум и во моментов 100-процентно ги задоволува потребите на регулираниот пазар.

„Според податоците кои ги добиваме во Комисијата за справување со енергетската криза во континуитет се врши и испораката на јаглен за потребите на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј“, изјави Бектеши.

Во врска со одлуката АД ТЕ-ТО да и продава струја на државата по 170 евра за мегават час, иако претходно Владата излезе со соопштение дека не може да ја продава под 250 евра, Бектеши рече дека тоа е постигнато преку разговори.
„Преку разговори се убедувавме, а најверојатно тие, имајќи предвид дека државава има закони и одлуки, решиле да ги почитуваат. Таквите одлуки се носени согласно прописите во државата и ми е мило што тие го испочитуваа тоа“, потенцира тој.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1