ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/18/22 10:08 AM

Со „Добредојдовте „администратори“ на Цар Борис“ пречекан Петков од Левица

Со закачен транспарент на надвозник на влезот во Скопје го пречека младината на партијата Левица бугарскиот премиер Кирил Петков.

„Добредојдовте „администратори“ на Цар Борис“ стои на платеното поставено веднаш до плочата со која се посакува добредојде во Скопје.

Левица вчера реагираше на изјавата на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој на новинарско прашање за македонското прашање во Бугарија, рече дека нема да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија. Поради тоа од партијата побараа:

– МНР итно да врачи ПРОТЕСТНА НОТА за изјавата на бугарскиот премиер;
– Претседателот на Републиката да побара ИЗВИНУВАЊЕ од својот бугарски колега за негирањето на македонската етничка заедница во Бугарија;
– Итен ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ со Бугарија, заради немање на легитимитет, интегритет и капацитет за водење на преговори од страна на македонската Влада, соопшти Левица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1