ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/15/22 5:16 PM

Уапсен Македонец во Србија – Со службената картичка купувал гориво и го препродавал

Припадници на МВР Ниш по наредба на Основното јавно обвинителство Ниш ќе поднесат кривична пријава против 47-годишен маж од Македонија поради постоење основи на сомнение дека извршил кражба и фалсификување и злоупотреба на платежни картички.

Тој е осомничен дека ја користел картичката за гориво на фирмата во која е вработен, која му била дадена на користење, а на бензинските пумпи во Србија точел гориво за свои потреби, кое подоцна наводно го продавал.

Откако наполнил гориво на бензинска пумпа во Дољевац, полицајците го пронашле во Ниш и го уапсиле.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1