ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/15/22 3:36 PM

Идеален ручек за цело семејство – Ќофтиња во сос од павлака

Потребни состојки:

500 гр мешано мелено месо

100 гр ориз

јајце

една главица кромид

две лажици брашно

сол, бибер

За сосот:

400 гр павлака за готвење

две главици кромид

лажица брашно

сол, бибер

две или три чаши вода

Во сад се ставаат месото, јајцето, ситно сечканиот кромид, оризот, брашното, зачините и се се меша. Со раце обликувајте ги ќофтињата и малку пропржете ги на масло.

За сосот, пропржете го кромидот, а потоа додадете го брашното, мешајќи да не се формираат грутки и додадете шолја вода. Кога малку ќе зоврие додадете павлака и промешајте да се растопи, па спуштете ги ќофтињата.

Оставете да крчка уште пет минути, додадете зачини, па послужете со тестенини.

Извор: Информер.рс

Фото: Shutterstock


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1