ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/15/22 2:14 PM

(Видео) Стефан Дечев: Димитров го остави Заев сам и влијаеше на деструктивноста на историската комисија

Ќе биде срамно, за двете држави и народи ако спорот продолжи уште 30 години, вели бугарскиот професор Стефан Дечев за емисијата „Стадион” на Радио Канал 77. Тој вели дека со колеги од Македонија и од други земји работат да најдат  решение врз основа на современата историографија,
современите хуманитарни и социјални науки за наоѓање на подобни  решавање за двете држави.

„Тоа зависи од политичарите и функционерите, но мислам дека треба да се најде решение во следните неколку месеци затоа што постои сериозна опасност тој спор навистина да продолжи долго и да ги загади односите помеѓу двата народи. Јас мислам дека со добра волја, врз основа на доверба и договорот од 1 ви август 2017 година може да се најде решение”, вели Дечев.

За правата на Бугарите во Македонија, вели тој тоа го нема ниту во рамковната позиција на Борисов, ниту во декларацијата на Парламентот, тоа било покренато како прашање подоцна, минатата година во месец јуни во т.н пакет 5+1, каде тоа +1 се однесува на запишување на македонските Бугари во Уставот на РСМ како и останатите народи.

„До ден денешен нема единство во бугарското општетсво зошто тоа треба да биде така, а колку што знам освен тие македонски Бугари за кои се зборува во бугарските медиуми има и такви кои не сакаат да влезат во Уставот на РСМ. Затоа што нема да има голема разлика и со мнозинството
кое се сметаат за етнички Македонци. Го зборуваат тој јазик, кој го сметаат за свој, македонскиот јазик и едните и другите ги почитуваат Гоце Делчев, Илинден, и едните и другите ја сметаат Македонија за своја татковина. И во таа смисла е многу спорно дали е потребно конститутивно мнозинство  кое Македонија го нема, но има нешто што е многу непријатно и кое се критикува исклучително и тука во Бугарија, дека треба да веруваме штом има 120.000 македонски граѓани кои што имаат бугарски пасош има и 120.000 македонски Бугари. Тоа не е верно, и ние сите знаеме
дека тоа не е верно. Голем дел од нив имаат економска мотивација за тој пасош и зошто сакаат да заминат и да најдат добра работа во ЕУ”, изјави за „Стадион”, професорот Дечев.

Двата Парламентите треба настрана да ги остават декларациите, вели тој, а експертите од мешовитата историска комисија може да се држат до црвените линии, само тогаш кога црвените линии одговараат на постигнувањата во науката. Ако црвената линија е некаква глупост од бугарскиот или македонскиот парламет,  и ако си вистински научник и експерт ќе ја тргнеш настрана црвената линија и ќе го зборуваш тоа што ти кажува научната совест и постигнувањата на историографијата или на современите хуманитарни и социјални науки.Тоа е еден начин како би можеле да дојдеме до решение помеѓу Софија и Скопје.

„Признавањето од страна на Бугарија на денешен ден во 1992 година на Република Македонија под тогашното уставно име Република Македонија и сега ми изгледа многу ужасно како Бугарија ја призна Македонија како Македонија и тоа не означуваше територијални претензии, но формулата од Договорот од Преспа, Република Северна Македонија и краткото име Северна Македонија можело да се толкува како претензии кон Бугарија. Јас сметам дека нема логика за такво нешто. Срамно е тоа што се случува во овој момент, а уште посрамно ќе биде ако продолжи уште 30 години”, вели Дечев.

Никола Димитров е во право кога кажуваше дека дури и да оставиме настрана оти јазикот е признаен по катедри и факултети во цел свет, само од добро воспитување треба да го нарекуваме македонскиот јазик така како шо се говори,  а името му е македонски. Тоа е взаемната почит за која се зборува во договорот од 2017 година, Бугарија да го признае македонскиот јазик  и идентит, смета професорот Дечев, но додава дека поранешниот министер за надворешни работи во еден период имал деструктивна улога.

„Никола прололжува да ми биде пријател но не е во право што есента 2020 година  не беше направено доволно да се спречи ветото и премиерот Заев го остави сам.  Тогаш Каракачанов се закани дека ако не се решат историските прашања ќе има вето и  не беше мудро да се прават промени во македонскиот дел од историската комисијата. Беше отстранет еден од членовите кој успешно учествуваше во договорањето на општи формули прифатливи и за двете страни за Кирил и Методи, Гоце Делчев, Прличев…и беше ставен друг специјалист  кој беше напишал неколку статии оти Македонците воопшто немаат заедничка историја со Бугарите и за тоа нема што да се разговара.

Наспроти официјалното декларирање за немешање на владата и министерството во работењето на комисијата  мислам дека токму Никола Димитров влијаеше за неконструктивноста на македонските членови на неколку заседанија, што пак беа пречекани од арогантноста на определени бугарски историчари и на крајот резултираше со ќорсокак во работењето на комисијата.

И зошто Димитров токму тогаш велеше дека не треба да брзаме, односите со Бугарија не се приоритет и треба да се свртиме кон себе и кон дома”, прашува професорот Стефан Дечев.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1